Поетот Ристо Лазаров стана член на Чешкиот ПЕН центар

21.02.2014 17:01

Во Народната и универзитетска библиотека сместена во историскиот комплекс Клементинум во Прага синоќа се одржа книжевна вечер на која македонскиот поет Ристо Лазаров официјално беше примен за член на Чешкиот ПЕН центар.

Пред присутните, меѓу кои беше и амбасадорот на Македонија Паскал Стојчески, за поетскиот опус на Лазаров, говореше академик Иван Доровски, кој пред неколку години ја преведе на чешки јазик книгата „Чехопек“ од Лазаров и напиша обемен поговор.

Свои стихови на македонски и чешки јазик читаше и авторот Ристо Лазаров, чие творештво опфаќа триесетина книги од кои десетина се преведени во странство.

На средбата се дискутираше за историјата на македонско-чешките културни врски и за можностите за нивното натамошно продлабочување.