Османи: Клучен период за евроатлантските интеграции
Македонија очекува отворање на поглавјата во новата стратегија што Јункер треба да ја претстави на 6-ти февруари во Стразбур. До 2025-та година и земјава да стане полноправна членка на ЕУ...

Конкретен датум за почнување преговори и временска рамка за членство во ЕУ се очекувањата на Владата во пресрет на објавување на стрегијата за проширување на Европската комисија на 6-ти февруари во Стразбур- оценува вицепремиерот за европски прашања, Османи. Годинава отворање на поглавјата, а до 2025-та членство во Унијата, се оптимистичките ставови на македонската извршна власт.
Според вицепремиерот, официјален Брисел ја охрабрил владата во делот на регионалната соработка, како предуслов за балканската перспектива во ЕУ. За клучниот проблем за разликата околу името, Османи е оптимист за постигнување политички консензус, иако досега ниту една партија од опозицијата нема излезено со конкретен став.
„Ова е клучна година, коцките во мозаикот се склопуваат, и очекуваме до крајот на годинава да го затвориме ова прашање, но се разбира не по секоја цена“- решителен е Османи.
Исполнувањето на Планот 3-6-9 и спроведувањето на итните реформи во најголем дел се одвиваат според предвидената динамика- информираше Османи.
Марина Стојанова- Тонева
