Нимиц на средби во Атина и Скопје
Утре Нимиц ќе има средба со шефот на грчката дипломатија Коѕијас, а се очекува да се сретне и со премиерот Ципрас, кој ќе го информира за договореното на средбата со македонскиот премиер Заев во Давос.

Посредникот во разговорите за разликата за името Метју Нимиц денеска во Атина ја почнува посетата на Грција и на Македонија, која ќе трае до 1-ви наредниот месец. Од властите треба да слушне што е прифатливо од последниот пакет идеи, предложени во Њујорк.
Утре Нимиц ќе има средба со шефот на грчката дипломатија Коѕијас, а се очекува да се сретне и со премиерот Ципрас, кој ќе го информира за договореното на средбата со македонскиот премиер Заев во Давос.
Координација во Атина одржува и партијата на грчкиот министер за одбрана Каменос, кој се противи, во решението да биде инкорпорирано името Македонија.
Медијаторот Нимиц во среда попладне треба пристигнува во Скопје, а средбите со македонскиот државно- политички врв се најавени за в четврток.
