Во Брисел средба Мицкоски- Хан

29.01.2018 13:08

Потенциравме дека остануваме на патеката за што е можно побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, истакна Мицкоски по средбата. Мицкоски му посочил на Хан дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е во силна одбрана на македонските национални интереси.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Брисел се сретна со еврокомесарот Хан. Главните теми, интеграцијата и реформскиот процес. Според Мицкоски, ова се ветувања забележани на хартија.

Потенциравме дека остануваме на патеката за што е можно побрзо интегрирање на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО, истакна Мицкоски по средбата. Мицкоски му посочил на Хан дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е во силна одбрана на македонските национални интереси.

Истовремено потенциравме дека ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на државните и национални интереси. Со жалење може исто така да констатираме од она што можеме да го прочитаме деновиве по медиумите, дека за решавање на овој долгогодишен спор помеѓу нашата земја Република Македонија и соседна Република Грција. Се уште во општеството и помеѓу политичките конкуренти во соседна Република Грција не постои консензус. Апелирам што е можно побрзо да се најде консензус и да дојде крајот на решавање на овој долгогодишен спор кој што Република Македонија го има со соседна Грција, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Првиот човек на опозициската партија на средбата информирал и за лидерската средба за името што се одржа во саботата.