Судењето за „Поткуп“ одложено за 26-ти февруари
29.01.2018 13:41
Досега, поради низа процесни приговори предметот постојано се одложуваше, а одбраната бара да се издвојат снимките како доказ во постапката.

Во Основниот суд- Скопје 1 за 26-ти февруари е презакажано рочиштето за случајот „Поткуп“ во кој му се суди на премиерот Зоран Заев. Причината за одложувањето се службени обврски на обвинителот.
Досега, поради низа процесни приговори предметот постојано се одложуваше, а одбраната бара да се издвојат снимките како доказ во постапката.
Заев во случајот „Поткуп“ е обвинет за земање поткуп од речиси 160 илјади евра од струмички бизнисмен за легализација на градежно земјиште.
