МВР најави засилени контроли и казни за несовесните возачи

29.01.2018 15:30

Од ресорното министерство велат дека овие мерки ќе опфатат и превентивни мерки со цел да зголеми дисциплината и да се почитуваат собраќајните правила и прописи.

Министерството за внатрешни работи во наредниве денови ќе спроведе мерки и активности за ригорозно казнување на учесниците во сообраќајот. Оттаму велат дека овие мерки ќе опфатат и превентивни мерки со цел да зголеми дисциплината и да се почитуваат собраќајните правила и прописи.

„Министерството за внатрешни работи подготви мерки и активности кои ќе бида спроведени во наредниот период како на превентивен план, така и со санкционирање на оваа негативна појава. Ги известуваме граѓаните дека во наредниот период најстрого ќе бидат санкционирани сообраќајните прекршоци кои што се причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што е возење под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавање на првенство на минување и слично“, изјави портпаролог на МВР, Ангеловски.

Во МВР велат овие активности се преземаат со цел да се намалат собраќајните несреќи со смртни последици. Во урбаните средини ќе бидат зајакнати сообраќајните патроли и пајак службата, за да се спречи непрописното паркирање.