Македонија годинава ќе добие нов Закон за заштита на личните податоци
Македонија годинава ќе добие нов Закон за заштита на личните податоци. Од Дирекцијата велат дека се работи за радикално решение во интерес на граѓаните. Во оваа област, земјава ги следи препораките од извештајот на Рајнхард Прибе...

Од мај почнува да се применува новата општа регулатива за заштита на личните податоци со која во Европската унија се воведуваат радикални промени. Од Дирекцијата за заштита на лични податоци очекуваат и Македонија годинава да добие нов закон. Велат, со ова ќе се изврши усогласувањето со законодавството на Европската унија и дополнително ќе се зајакне независниот статус на дирекцијата.
Подобрување на соработката меѓу контролорите и обработувачите на лични податоци, зајакнување на заштитата со примена на најновите меѓународни концепти, дел од препораките на проектот „Поддршка за пристап до правото на заштита на лични податоци“.
Проектот е финансиран од ЕУ. Почна да работи во ноември 2015-та година.
Ана Јосифоска- Тодоровска
