Тензично на седницата за Законот за употреба на јазиците
Тензии на седницата на која на дневен ред е Законот за употреба на јазиците. Опозицијата бараше да биде тргнат поради тоа што според неа тој е неуставен и неговото носење не е европски приоритет. Власта апелира да не се блокира работата на Парламентот, за да не трпат реформите. ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 35 илјади амандмани...

Надмудрувањата и препирките завршија со тензија на собраниската говорница меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и спикерот Џафери на отворањето на новата пленарна седница на која е ставен и Законот за јазиците. Опозициската партија за Законот поднесе над 35.000 амандмани. Поради тоа што не беа преведени, точката од прва стана осма. ВМРО-ДПМНЕ побара Законот да биде тргнат од дневен ред поради тоа што е несуставен и немало јавна дебата.
Единсвен од албанскиот блок се огласи лидерот на Алијансата, Зијадин Села кој смета дека нема никаква смисла однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ за да се спротистави на, како што рече, една третина од населението. За Села, потребна е промена во Законот каде директно ќе стои албанскиот јазик, а не најмалку 20 проценти од населението.
За третото разгледување на Законот за јазиците став на премиерот Заев- рече дека право на опозицијата е да поднесува амандмани, но со тоа се блокира Собранието. Загрижен е што ќе се случи во вакви услови со реформите, бидејќи се надева во јуни на отпочнување на преговорите со Европската унија. Важно е, вели Заев, да бидат запазени процедурите во Собранието, согласно законот и деловникот.
Миле Ристески
