Османи во работна посета на Австрија
Во рамките на посетата, вицепремиерот Османи ќе се сретне и со сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, Карин Кнејсл.

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, од денеска е во дводневна работна посета на Австрија, каде што ќе учествува на престижната конференција „Виена конгрес ком – Султ 2018“ насловена „Стратегија за иднината на Европа“.
Во рамките на посетата, вицепремиерот Османи ќе се сретне и со сојузниот министер за Европа, интеграција и надворешни работи на Австрија, Карин Кнејсл.
На средбата, како што најави кабинетот на Османи, ќе стане збор за евроинтегративниот процес на нашата земја, односно спроведувањето на реформите од Планот 3-6-9, отстранувањето на политичките пречки на евроинтегративниот пат, како и сите други активности на Владата во пресрет на стратегијата за проширување на ЕК и нашите очекувања од неа.
