Грчки државјанин шверцувал над 300 килограми марихуна

30.01.2018 10:36

Завчера осомничениот бил откриен на граничниот премин Богородица во обид со товарно возило „Сканиа“, покрај вреќи со ориз и друга стока, да пренесе и 309,6 килограми марихуана, наменета за продажба во Германија.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство- Велес донел наредба за спроведување на истражна постапка против осомничен грчки државјанин за сторено кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотопни супстанции и прекурсори .

Завчера осомничениот бил откриен на граничниот премин Богородица во обид со товарно возило „Сканиа“, покрај вреќи со ориз и друга стока, да пренесе и 309,6 килограми марихуана, наменета за продажба во Германија.

Ценејќи дека се исполнети законските околности за определување на мерката притвор, обвинителството до Основниот суд- Велес поднесе и предлог за определување на оваа мерка, што беше прифатено од страна на судот и со решение определи притвор за осомничениот во времетраење од триесет дена, соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија.​