Кривичните совети решаваат по барањата за амнестија

30.01.2018 10:38

По нив се постапува според новото законско решение. Околу 800 затвореници излегуваат на слобода, а на 3.097, казната им се намалува за 30 насто.

Кривичните совети од скопска единица решаваат по пристигнатите барања за амнестија. Оттаму вчера информираа дека по стапувањето во сила на Законот за амнестија, во петокот, во Кривичниот суд стасале 100-тина барања од затворите.

По нив се постапува според новото законско решение. Околу 800 затвореници излегуваат на слобода, а на 3.097, казната им се намалува за 30 насто.

Формирани се повеќе кривични совети за да се запази рокот од пет дена во кој треба да се решат барањата.

Според постапката, судот треба да ги испрати одлуките до Министерството за правда, а оттаму до Управата за извршување на санкции, по што амнестираните ќе бидат пуштени на слобода.