Одложено рочиштето за случајот „Труст“
30.01.2018 10:49
Првоосомничен во случајот „Труст“ е бизнисменот Сеад Кочан.

Во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи ново рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Труст“, но поради боледување на судијката Лидија Зимбовска е одложено.
Првоосомничен во случајот „Труст“ е бизнисменот Сеад Кочан. Тој и уште две физички и три правни лица, меѓу кои управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „ВАТО“ се сомничат за учество во тендер на Електрани на Македонија во вредност од 17 милиони евра со фалсификувани документи.
