Во Кривичен суд рочиште за случајот „Топлик“

30.01.2018 10:52

Oсомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.

Во Кричниот суд денеска треба да се одржи судење за предметот на Специјалното обвинителство „Топлик“, во кој осомничени се поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште пет лица за продажбата на градежна парцела во скопско Сопиште.

Според обвинението, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки, составил Комисија за јавни наддавања на која ѝ наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинување на договорот по вина на Министерството, овој државен орган се обврзал на правното лице „Сан сити“ да му исплати долг и затезна камата во износ од еден милион евра.

Овој предмет со новиот распоред му е доделен на судијата Осман Шабани.