Бесплатен јавен превоз во Скопје поради аерозагадувањето

30.01.2018 11:23

Мерката за бесплатен јавен превоз, како што изјави градоначалникот Петре Шилегов, почнува да важи веднаш.

Поради надминување на прагот на аерозагадување од 200 микрограми на метар кубен во текот на два последователни дена, од утрово повторно стапија во сила мерките против аерозагадувањето во Скопје. Мерката за бесплатен јавен превоз, како што изјави градоначалникот Петре Шилегов, почнува да важи веднаш.

Градот Скопје мерките и препораките за намалување на загадувањето на воздухот оваа зима ги воведува по третпат. Поради алармантното загадување на воздухот мерките ќе бидат во сила сѐ до нормализирање на состојбата.

Покрај бесплатниот јавен превоз, во краткорочните мерки спаѓаат и запирање на сите градежни активности на градилиштата под надлежност на Градот, додека Jавното комунално претпријатие се задолжува да продолжи со интензивното чистење и миење на градските улици.