Неизвесно кога ќе се расправа за амандманите на Законот за јазиците
30.01.2018 12:29
Амандманите, според Џафери, се политичко прашање и целта на ВМРО-ДПМНЕ е да спречи носење на законот. Што и да се направи за излез од оваа ситуација, вели Џафери, ќе се оспорува уставноста.

Засега не се знае кога Собранието ќе расправа за амандманите за Законот за јазиците во трето читање , поднесени од опозициската ВМРО- ДПМНЕ. Од 35.569 амандмани, досега биле преведени на албански јазик само околу 17 илјади, информира денеска претседателот на Парламентот, Талат Џафери.
Амандманите, според Џафери, се политичко прашање и целта на ВМРО-ДПМНЕ е да спречи носење на законот. Што и да се направи за излез од оваа ситуација, вели Џафери, ќе се оспорува уставноста.
Само за членот 22 од Законот се поднесени 33.844 амандмани, изјави Џафери.
