Грчки државјанин во притвор, запленети 309 килограми марихуана
Грчки државјанин заработи притвор поради откриените 309 килограми марихуана во камион „Сканија“, наменети за германскиот и холандскиот нарко-пазар. Вредноста на откриената дрога се проценува на 800 илјади евра...

На Богородица запленети 300 килограми марихуана. Преку граничниот премин 36 - годишен Грк се обидел да ја пренесе. Дрогата, се обидел да ја сокрие во товарно возило, во 95 вреќи со ориз. Била спакувана во алуминиумски ќеси, обвиткани со фолија. Освен вреќите со ориз и дрога, гркот превезувал и облека, рутери, канти поликолор и друга трговска стока. Се проценува дека марихуаната е вредна 800 илјади евра.
Дел од стоката требало да заврши во Германија. Крајна дестинација за вреќите со ориз и марихуана кои биле натоварени во Камбоџа, била Холандија.
Од Јавното обвинителство е поведена истражна постапка против гркот за сторено кривично дело- неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги. Одреден му е 30- дневен притвор.
Наташа Гркова- Петрушевска
