Случај „Топлик“: Одбраната бара изземање на вештакот
30.01.2018 13:17
Aдвокатите сметаат дека вештачењето е пристрасно и побараа да се изземе од доказите на СЈО. Судијата што го води предметот рече за ова дополнително ќе се изјасни.

Вештачењето на документите во случајот „Топлик“ да не биде дел од списите на судот, побара одбраната. Според нив, вештакот кој работел на документот немал лиценца и бил роднина со вработена во СЈО.
Поради ова, адвокатите сметаат дека вештачењето е пристрасно и побараа да се изземе од доказите на СЈО. Судијата што го води предметот рече за ова дополнително ќе се изјасни.
Ново рочиште е закажано за март. Му се суди на поранешниот министер Миле Јанакиески дека незаконски ѝ овозможил на фирма да купи државно земјиште за изградба на комплесот Сончев град.
