ВМРО-ДПМНЕ: Притворот се користи како средство за изживување
30.01.2018 13:47
Според партијата, притворените не сториле терористички акт и апсурдно е да се држат во истражен затвор поради опасноста да го повторат.

Притворот наместо како мерка за претпазливост се користи како средство за изживување, обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, притворените не сториле терористички акт и апсурдно е да се држат во истражен затвор поради опасноста да го повторат.
Притворените седум месеци после завршување на протестите на „Заедничка Македонија” немаа заминато од Македонија и апсурдно е сега да се држат во затвор поради тоа што би избегале, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
