Собрание на РМ

Не се знае кога повторно ќе се разгледува Законот за јазици

30.01.2018 14:28

Засега не се знае кога Собранието ќе расправа за амандманите на Законот за јазиците во трето читање, вели претседателот Талат Џафери. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека дека законот ниту е донесен, ниту некој може да спречи амандманска расправа, бидејќи тоа би значело уривање на демократијата. Само за членот 22 од Законот се поднесени 33.844 амандмани, брифира спикерот Џафери.

Спикерот Талат Џафери не знае кога повторно ќе се разгледува Законот за јазици. На брифинг со новинарите кажа дека досега се преведени половина од амандманите поднесени од ВМРО- ДПМНЕ. Се надева на политички договор меѓу партиите и повлекување на амандманите за кои рече дека имаат само политичка цел да се блокира законот.

За него не е исто кога читал поезија и молчел на собраниска комисија, бидејќи смета дека Собранието го донело Законот за јазици, а тој e вратен е само на доработка.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат дека дека Законот ниту е донесен ниту некој може да спречи амандманска расправа бидејќи тоа би значело уривање на демократијата. Поднесовме амандмани за да ја развиеме свеста кај власта, оти за Законот за јазици е потребен општествен, а не политички консензус.

ВМРО- ДПМНЕ поднесе 35 илјади амандамни за Законот за јазици. Законот се врати во собраниска процедура откако претседателот Иванов не го попитшан указот за негово прогласување.

Миле Ристески