Жбогар: Преку дијалог до решение

30.01.2018 15:52

Евроамбасадорот смета оти посетата на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и на Атина е добар индикатор дека може да се дојде до решение...

„Само преку дијалог може да се најдат најдобрите решенија“– вели амбасадорот Самуел Жбогар. Смета оти посетата на медијаторот Метју Нимиц на Скопје и на Атина е добар индикатор дека може да се дојде до решение.

Евроамбасадорот Жбогар вели дека ЕУ ги поддржува тие средби и контакти, а претстојната посета на Нимиц е добар индикатор оти преговорите може да почнат и дека можат да дадат некој резултат што ќе биде задоволителен за двете страни. Ја коментираше и стратегијата на Унијата за Западниот Балкан.

За ЕУ претстојат многу интересни месеци и веќе следната недела можам да кажам дека Европската комисија ќе ја објави стратегијата за Западен Балкан. Се уште е рано да кажам нешто поконкретно, но оваа стратегија претставува визија на ЕУ како го гледа регионот понатаму во процесот на проширување, рече евроамбасадорот.