Пратенички прашања во Собранието

31.01.2018 09:01

Седницата требаше да се одржи на 25 јануари, но е одложена за 31-ви поради учеството на премиерот Зоран Заев на Економскиот форум во Давос...

Во Собранието на Република Македонија денеска ќе се одржи седница за поставување пратенички прашања. Седницата за поставување пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот.

Седницата требаше да се одржи на 25 јануари, но е одложена за 31-ви поради учеството на премиерот Зоран Заев на Економскиот форум во Давос, а и поради тоа што на седницата би можеле да присуствуваат и сите министри.

Според Деловникот прашања на премиерот и министри први треба да им постават пратеници од опозицијата, па потоа од владејачкото мнозинство. На седницата повторно, според најавите нема да учествуваат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.