Владата против одлуката за поскапување на водата од „Студенчица“

31.01.2018 10:59

Извршната власт е против одлуката за поскапување и бара од Регулаторна да направи нова анализа за корекцијата на цената на водата, се наведува во соопштението.

Владата на вчерашната седница ѝ препорача на Регулаторната комисија да го запре поскапувањето на водата за корисниците од системот Студенчица.

Извршната власт е против одлуката за поскапување и бара од Регулаторна да направи нова анализа за корекцијата на цената на водата, се наведува во соопштението.

Како што стои во владиното соопштение, бил разгледан Тарифникот за утврдување на цените на водни услуги од Регионалниот водовод „Студенчица“ и е донесена одлука да не се даде согласност за покачување на цената на водата што го предлага Регулаторната комисија за енергетика.