Високо ниво на загаденост на воздухот во Македонија

31.01.2018 12:03

Најголема концентрација на загадување има во Скопје, кај Ректоратот со 258 микрограми на метар кубен, Миладиновци 229, Лисиче 222, Гази Баба 217 и Карпош 201 микрограми на метар кубен. Втор најзагаден град во Македонија е Велес со 178 микрограми на метар кубен.

Високо ниво на загаденост и денеска, и натаму мерките за ублажување на аерозагадувањето се во сила. Мерните станици покажуваат високо ниво на загаденост на повеќе локации во Скопје. Најголема концентрација на загадување има во Скопје, кај Ректоратот со 258 микрограми на метар кубен, Миладиновци 229, Лисиче 222, Гази Баба 217 и Карпош 201 микрограми на метар кубен. Втор најзагаден град во Македонија е Велес со 178 микрограми на метар кубен.

Од Министерството за заштита на животната средина, инспекторите се на терен за да ги контролираат индустриските капацитети дали го преполовиле производството на половина, а во вонредни контроли се излезени и инспекциските служби на општините.

Ниту една фабрика па и скопско „УСЈЕ“ нема дозвола за горење гуми, велат од министерството. Оттаму најавуваат дека вонредните мерки против аерозагадувањето ќе продолжат и утре.