„Извештаи на рисот“ од Славе Димоски во „Књижевне новине“
Познатото српско културно гласило „Књижевне новине“...

Познатото српско културно гласило „Књижевне новине“ што го објавува Здружението на писателите на Србија во последното двомесечно издание објави превод на неколку тематски песни на познатиот охридски поет Славе Ѓорго Димоски, насловени како „Извештаи на рисот“.
Станува збор за најнови песни од истоимената книга на Димоски што беше предвидено да биде печатена минатата година, но не беше објавена поради недостиг од парични средства.
Славе Ѓорго Димоски е автор на голем број поетски книги меѓу кои „Гравири“, „Студен порив“, „Последните ракописи“, „Форми на страста“, „Темно место“, на неколку есеистички и четири детски книги. Неколку негови изданија се преведени на странски јазици, а поединечни песни и поетски циклуси преведени се на 27 јазици. Димоски е на повеќе домашни и странски постски награди и признанија.
