Бошњаковски: Работиме на конечно решение на проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија

31.01.2018 12:57

Владиниот портпарол Бошњаковски рече дека кога и да има значителен исчекор кој ќе води кон референдум, државата има доволно капацитет да одговори соодветно и дека сите институции ќе го дадат максимумот во рамки на законската регулатива.

Има ли Македонија потенцијал да спроведе референдум, ако ДИК е во оставка? Работиме на конечно решение на проблемот што Грција го има со уставното име на Македонија, рече владиниот портпарол Бошњаковски одговарајќи на новинарски прашања.

Владиниот портпарол Бошњаковски рече дека кога и да има значителен исчекор кој ќе води кон референдум, државата има доволно капацитет да одговори соодветно и дека сите институции ќе го дадат максимумот во рамки на законската регулатива.

Од Владата велат дека сега е вистинското време да се изнајде решение за разликата за името, оти постои политичка волја од двете страни.

Владиниот порпарол соопшто и дека наскоро Владата ќе донесе одлука за промена на името на автопатот и на аеродромот „Александар Велики“.