Метео: Утре температура до 14 степени, во петок дожд

31.01.2018 14:23

Во западните делови ќе настапи зголемување на облачноста, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Сончевото и релативно топло време во поголем дел од Македонија ќе продолжи и утре со услови за појава на магла по одделни котлини.

Во западните делови ќе настапи зголемување на облачноста, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени. Во петок се очекуваат врнежи од дожд.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска