Водата во Скопје нема да поскапи
Политикантски одлуки на некоја мината власт, коментар на градскиот татко Шилегов кој накратко спречи покачување на цената на водата. Ценовен шок за граѓаните, непромислени се новите цени на водата и на дизелот, велат во ВМРО-ДПМНЕ.

Водата во Скопје нема да поскапи, градот со домаќинско работење ќе ги сервисира сите потреби на Јавното претпријатие. Ова е одлуката од седницата на Советот. Градоначалникот Шилегов од дневниот ред ја повлече точката што предвидуваше нова, повисока цена. Според него, анализата на финансиската состојба и работењето на Водовод покажале дека одлуката на Регулаторната комисија за енергетика е неоправдана.
Од ВМРО-ДПМНЕ предупредија дека предвиденото поскапување ќе значи уште еден ценовен шок за граѓаните. Според опозициската партија, притисокот од јавноста ги притиснало надлежните да се повлечат од намерата за повисока цена на водата. Оттаму порачаа дека недомаќинското работење не смее да биде на грбот на скопјани.
Предлог- одлуките за промена на цената се однесуваа на тарифите за снабдување со вода за пиење, за урбани отпадни води и за прочистување отпадни води за периодот од 2018-та до 2020-та година.
Дијана Ценевска
