Саздов на врвна конференција за мултиканално и аудио истражување

21.02.2014 17:49

Македонскиот музичар Роберт Саздов ќе одржи авторски концерт во рамките на Втората конференција за Просторно аудио која од денеска до недела се одржува во Ерланген, Германија во организација на Фаунхофер институтот.

Саздов е поканет од Германската асоцијација на тонмајстори кои се организатори на оваа врвна конференција за мултиканално и аудио истражување, а е предводена од научници од Европа и Северна Америка.

Саздов ќе претстави свои електроакуситчни композиции создадени во текот на неговата резиденција во Детмолд.

Покрај концертот, Саздов ќе предводи работилница за неговата композиција „Исчезнато село“ (2012) за 22.2 канали. Композицијата беше нарачана од Фаунхофер институтот и се користеше за истражување на нивниот MPEG-H тридимензионален аудио стандард.