Битола: 3.000 садници за намалување на загадувањето
Битола е еден од градовите кој зимава во континуитет зазема високо место во поглед на аерозагадувањето. Стартот на проектот „Зелена Битола“, е првиот посериозен чекор во напорите за обезбедување на почист воздух. До крајот на годината ќе се засадат 3.000 зимзелени садници на веќе мапираните локации. Финаскиската конструкција ја покрива ЕЛЕМ преку РЕК Битола.

Зимава, речиси секојдневно вака е панорамската глетка над Битола. Близината на РЕК Битола, чадот од оџаците на домаќинствата и густиот сообраќај се главните причини концентрацијата на штетните честички на метар кубен во кунтинуитет да биде за неколку пати повисока од дозволеното ниво. Како прв поериозен чекор во облажување на состојбите, општината во Нова Битола стартуваше со проектот зазеленување на градот.
„Постојано слушаме дека аерозагадувањето во Битола е големо, што можеме ние самите. Ваквите проекти даваат надеж“, вели жител на оваа битолска населба.
„Нормално е дека колку има повеќе зеленило, заштитата е поголема“, вели негов сосед.
„Јас сум агроном и знам колку придонесуваат дрвата во процесот на еколошка средина“, вели еден случаен минувач.
Надлежните велат дека веќе мапирани се сите места каде ќе следуваат вакви акции. Во неколку фази до крајот на годината ќе бидат засадени 3.000 садници. Освен на постоечките ќе се насадува и на нови површини.
Проектот е дел од програмските активности и предвидените пакет мерки за почиста еколошка средина, велат од локалната самоуправа.
„Секоја садница плус е благодет и придонесува за чист воздух. Ако тоа го изработуваме со динамика која тоа преставува одговорност, навистина бенефитот општина Битола за скоро ќе го види“, вели градоначалникот Наташа Петровска.
„Од наша страна местата ќе ги уредиме и холтикултурно, така да ја задоволат и функцијата во лето како забавен парк“, вели директорот на ЈП Комуналец, Панде Богоевски.
Како дел од активностите е и подготовката на студија за нов сообраќаен режим и поставувањето на филтри во некои објекти каде престојуваат малите деца. Сепак, за целосно надминување на пролемот со чистиот воздух, потребно е континуирано исполнување на зацртаните краткорочи и долгорочни мерки.
Стевче Митревски
