Во Табановце и Гевгелија за три години згрижени 110.000 деца- бегалци

31.01.2018 15:45

Во прифатните центри Табановце и Гевгелија за три години згрижени 110.000 деца. Со нив работел тим од психолози, педијатри, социјални работници, преведувачи. УНИЦЕФ ја пофали земјава за справувањето со мигранската криза...

Исцрпени, гладни, со рани на нозете, со треска и со инфекции, децата- бегалци кои по рутата на Западен Балкан минуваа низ Македонија добиваа помош во транзитните центри.

Од СОС Дестко село велат дека во прифатните центри на Табановце и Гевгелија за три години се згрижени 170.000 бегалци и мигранти. 110.000 биле деца. Со нив работел тим од психолози, педијатри, социјални работници, преведувачи.

Според Извештајот на проектот за интервентна поддршка, први добивале помош децата кои се одвоени од родителите, мајки со деца и бремени жени.

Според претставникот на УНИЦЕФ, земјава треба да биде горда како се соочувала со кризата.

Наташа Јанчиќ