Разговори за името

Нимиц во Скопје на средби со државно- политичкиот врв

01.02.2018 10:05

Прва во агендата на медијаторот Нимиц е средбата со шефот на државата Иванов. Час подоцна е планирана средбата во Владата со премиерот Заев, а за напладне е најавена средбата со шефот на дипломатијата Димитров. Средбите со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети се најавени за попладне.

Медијаторот Метју Нимиц од вчера е во Скопје. За денеска се планирани средби со македонскиот државно- политички врв. Прва во агендата е средбата со шефот на државата Иванов. Час подоцна е планирана средбата во Владата со премиерот Заев, а за напладне е најавена средбата со шефот на дипломатијата Димитров. Средбите со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, Мицкоски и Ахмети се најавени за попладне.

Нимиц вчера изјави дека по Атина очекува добри разговори и во Скопје. „Имавме добри средби во Атина. Се надеваме дека ќе имаме добри средби и тука. Се радувам на средбите во Владата и со другите лидери во Скопје“, изјави медијаторот Нимиц.

По средбата со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, Нимиц изјави дека постои моментум и дека е време за носење одлуки.