Рим
Објавена листа на осомничени терористи во Италија
01.02.2018 12:45
Сите осомничени што се на листата се по потеколо од Тунис, некои од нив и се идентификувале кога пристигнале во Италија.

Интерпол објави имиња на 50 лица за кои постои сомнеж дека се борци на исламска држава, а кои неодамна пристигнале во италија.
Сите осомничени што се на листата се по потеколо од Тунис, некои од нив и се идентификувале кога пристигнале во Италија.
Се претпоставува дека околу 5.500 државјани на Тунис се бореле на страната на ИД во Сирија и во Ирак.
