Избран лауреатот на Струшките вечери на поезијата
Ко Ун не е само најголемиот и најславeн поет во современата корејска поезија, со неговите 80 години, тој е поет-епоха. За него Ален Гинзберг ќе рече дека е грандиозен поет, комбинација од будистичка маестралност, страстен политички либерал и историски натуралист.

„Длабоко сум почестен што сум избран за добитник на златниот венец на струшките вечери на поезијата во Република Македонија, земја далеку од Кореа во западниот дел на Евроазија“ изјави актерот Робер Велјановски.
Струшките вечери на поезијата е најстарата манифестација на европскиот простор, која преку обединувачкиот јазик на пишаниот збор, веќе 5 децении го развива дијалогот меѓу културите од целиот свет.
„ Оваа награда ќе биде силен поттик во воспостувањето на духовните мостови помеѓу Македонската, Азиската и Кореанската книжевност и културата се разбира воопшто“ изјави Елизабета Канческа- Милевска, министерка за култура
Во изминатите 5 децении над 5.000 поети, есеисти и критичари ја посетија Струга и Македонија.50-минасе закитија со престижниот Златен венец на поезијата.
Александра Перевска
