Најмногу дожд во Лазарополе
Според мерењата на УХМР наврнат е воден талот од 92 литри на метар квадратен.

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Лазарополе. Според мерењата на УХМР наврнат е воден талот од 92 литри на метар квадратен.
До осум часот утрово наврнати се Маврово 71 литар на метар квадратен, Пожаране 68, Крушево 65, Тетово 52, Скопје-Зајчев Рид 48, Дебар 43, Охрид 38, Претор 34, Тополчани и Битола 26, Прилеп 25, Берово 18, Крива Паланка 17, Виница осум, Демир Капија и Ѓуриште седум, Скопје-Петровец, Струмица и Штип шест, Дорајн четири и три литри во Гевгелија.
Снег има на Маврово и Лазарополе. Снежната покривка изнесува во Маврово еден сантиметар во Лазарополе шест.
Минималните температури биле позитивни секаде во земјата и се движеле од нула во Крушево, Маврово и Лазарополе, три во Претор, четири во Пожаране, Охрид, Ѓуриште и Тополчани, пет во Крива Паланка, Дебар и Берово, шест во Прилеп, Скопје Петровец, Тетово и Битола, седум во Скопје и Виница, осум во Штип, девет во Струмица и Демир Капија до 10 во Гевгелија и Дојран.
