Мицкоски на разговори со коалициските партии
05.02.2018 10:12
Од опозициската коалиција сметаат дека државата се движи во погрешен правец, кон континуирано економско и политичко слабеење...
Суштествено е важно Владата која ги води разговорите за прашањето за името да ги запази државните и националните интереси и да води грижа за заштитата на македонскиот идентитет кој треба да остане непроменет.
Ова е заклучокот по вчерашната средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со коалициските партнери. Било разговарано за актуелната политичка состојба, нотирани политички притисоци и реваншизам.
Од опозициската коалиција сметаат дека државата се движи во погрешен правец, кон континуирано економско и политичко слабеење. Побарано, Владата да се откаже од намерата да го донесе Законот за јазиците.
