СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивната политика
05.02.2018 10:14
Според партијата, Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, а поднесените илјадници амандмани имаат за цел да ги закочат реформите.

Очигледно е дека Мицкоски одбива да се спротивстави на политиките на деструкција и блокади, што неговата партија ги прави исклучиво поради лични и еднострани партиски интереси, реагираа од СДСМ.
Според партијата, Законот за употреба на јазиците е во согласност со Уставот, а поднесените илјадници амандмани имаат за цел да ги закочат реформите.
Од СДСМ велат и дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквата политика се противи на европските вредности и на заедничкото општество за сите граѓани.
