Почувствуван земјотрес во Дојран, епицентарот во Грција
05.02.2018 12:10
Со интензитет од три до пет степени според Европската макросеизмичка скала, земјотресот е почувствуван од населението во Дојран, Валандово и Струмица...

Земјотрес од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран претпладнево во 10:13 часот во дојранското подрачје. Со интензитет од три до пет степени според Европската макросеизмичка скала, земјотресот е почувствуван од населението во Дојран, Валандово и Струмица.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот бил на 15 километри источно од Дојран, во соседна Грција.
