Почна снимањето на евровизискиот спот
„Таму кај што припаѓам“ од утре ќе почне да се врти во етерот. На Македонската телевија, во Хит на месецот, целата јавност ќе ја слушне песната што оваа година ќе нѐ претставува во Данска на Евровизија.
„Значи голема чест, големо задоволство, и воопшто чест што се претставува еден таков народ, јас не се претставувам себе си и песната, ја претставувам цела Македонија и сите што се во неа духот го претставувам, така што значи многу, за мене значи многу. Евровизијата е едно од погледаните, ако не и најгледано шоу после Олимпијадата“, вели Тијана.
Автор на музиката на песната „Таму кај што припаѓам“ е Дарко Димитров и Лазе Цветковски а текстот е на Елена Ристевска и Дарко Димитров. Сѐ уште не e одлучено дали Тијана Дапчевиќ ќе пее на македонски или англиски јазик.
„Очекувам висок пласман“, рече за МРТ македонската претставничка.
Од утре Данската телевизија во Македонија ќе го снима најавниот клип за Македонија, за да биде оригинална македонската разгледница. Сите информации поврзани со 59-то изданија на Евровизија може да се следат на веб сајтот на македонската радио телевизија.
Ана Јосифоска
