Бутарис: Грција нема ексклузивно право на „Македонија“
За мене не претставува проблем новото име да е Нова Македонија, додека Горна Македонија означува земја која е поделена на два дела, додава градоначалникот во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.

Грција нема ексклузивно право на Македонија, исто така и на терминот, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис, коментирајќи го вчерашниот протест во Атина.
За мене не претставува проблем новото име да е Нова Македонија, додека Горна Македонија означува земја која е поделена на два дела, додава градоначалникот во интервјуто за грчката телевизија „Скај“.
Во селата околу Костур, Воден и Лерин, и во самите градови, има луѓе кои зборуваат славомакедонски, изјавил солунскиот градоначалник, оценувајќи ги вчерашните говори во Атина како потпалувачки и воинствени.
