Почна судењето за осомничениот за нападите во Париз
Процесот ќе трае четири дена и е поврзан со престрелка во Брисел по нападите во Париз кога при полициска проверка, тој и негови сооучесници пукаа врз полицијата.

Во Брисел почна судскиот процес против терористот Салах Абдеслам, единствениот преживеан од нападите во Париз од 2015-та година. Засилени се мерките за безбедност поради опасност од нов напад во главниот град на Белгија.
Процесот ќе трае четири дена и е поврзан со престрелка во Брисел по нападите во Париз кога при полициска проверка, тој и негови сооучесници пукаа врз полицијата.
Француските обвинители веруваат дека Абдеслам имал клучна улога во терористичките напади во Париз, во кои вооружен напаѓач и самоубиствени бомбаши нападнаа концертна сала, стадион, ресторани и барови убивајќи над 160 луѓе.
