Матео Ренци е новиот премиер на Италија
Лидерот на италијанската Демократска партија, Матео Ренци, денеска формално прифати да биде нов премиер на Италија откако успеа да формира широка коалиција која ќе ја сочинува новата италијанска Влада.
-Матео Ренци прифати да ја формира новата италијанска Влада, потврди портпаролот на претседателот на државата, по речиси три часа разговори меѓу Ренци и италијанскиот претседател Џорџо Наполитано.

Ренци порача дека намерата на новиот кабинет е да пружи „силна порака до меѓународната заедница дека неговата Влада брзо ќе ги донесе изборните и економски реформи“, пренесоа француските медиуми.
Со изборот на Ренци е почнат „препородот“ на третата по големина економија во еврозоната, која западна во „длабока рецесија“, наведоа американските медиуми.
Поранешниот градоначалник на Фиренца, Ренци (39) ќе биде најмладиот премиер на Италија, кога утре неговиот кабинет и официјално ќе положи заклетва, пренесоа американските медиуми.
Ренци ужива голема популарност, главно затоа што никогаш претходно не бил член на владин кабинет, Парламентот, ниту на италијанскиот политички естаблишмент нарушен од корупциските скандали.
Критичарите го обвинуваат за преголеми амбиции и нетактичност, иако скептиците признаваат дека неговиот избор е подобар до предвремените избори.