Метео: Нови врнежи од дожд се очекуваат во среда
05.02.2018 15:56
Дневната температура ќе достигне до 14 степени...

Утре во Македонија се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Можна е појава на слаби локални врнежи од дожд особено во југоисточните делови.
Дневната температура ќе достигне до 14 степени. Нови врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, но и услови за снег на високите планини се очекуваат во среда.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
