Протести
Во судирите во Киев повредени над 603 лица
22.02.2014 09:03
До шест часот изурината, според локално време за медицинска помош се обратиле 603 лица

Последните информации од украинското Министерство за здравство велат дека во масовните немири во Киев од 18 февруари досега повредени се над 603 лица.
До шест часот изурината, според локално време за медицинска помош се обратиле 603 лица, од кои 390 се хоспитализирани.
Во изминатото деноноќие ранети се 26 лица, од кои 21 е хоспитализирано.
Според податоците на Министерството во судирите загинале 77 лица.
