Атина: Ново поглавје во односите на двете земји и двата народа
07.02.2018 10:59
Одлуката е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји.

Се надеваме дека ова ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народа, се вели во соопштението на грчкото Министерство за надворешни работи во кое се поздравува одлуката на македонската Влада да ги преименува автопатот и аеродромот.
Одлуката е позитивен чекор за пресврт на она што беше направено во изминатата деценија и ги отежна односите меѓу двете земји.
Тоа е важен развој во насока на справување со иредентизмот и се надеваме дека ќе значи отворање на ново поглавје во односите на двете земји и двата народа, соопшти грчкото МНР.
