Протестите продолжуваат, Јанукович го напушти Киев

22.02.2014 11:36

Дел од светските медиуми, повикувајќи се на американски функционер јавија синоќа дека Јанукович го напуштил Киев и заминал во Харков на „одреден состанок“...

Украинскиот претседател, Виктор Јанукович го напуштил Киев, соопшти денеска лидерот на Украинската демократска алијанса за реформи, Виталиј Кличко, јавува „Би-Би- Си“.

Тој истакнал дека украинскиот Парламент, Врховата рада, треба итно да го принуди Јанукович да поднесе оставка.

Дел од светските медиуми, повикувајќи се на американски функционер јавија синоќа дека Јанукович го напуштил Киев и заминал во Харков на „одреден состанок“.

Ситуацијата во Киев во текот на ноќта била мирна, откако Јанукович и претставници на опозицијата го потпишаа договорот кој би требало да ја изведе земјата од кризата.

Сепак, околу 10.000 демонстранти останале на барикадите на Плоштадот на независноста, каде што ги исвиркале лидерите на опозицијата и порачале дека договорот не е доволен, туку дека сакаат оставка и судење за Јанукович.