Германија: Постигнат договор за коалициска влада
07.02.2018 11:51
Како прв чекор во процесот, којшто беше пролонгиран поради несогласувања околу неколку прашања, е направена спогода за распределба на министрите.

Централно- левичарските Социјалдемократи на Германија постигнаа договор за коалициска влада со конзервативците на канцеларката Ангела Меркел.
Како прв чекор во процесот, којшто беше пролонгиран поради несогласувања околу неколку прашања, е направена спогода за распределба на министрите.
Коалициските разговори по септемриските избори првично беа отежнати и од нерасположението на партијата на Мартин Шулц за учество во коалициската влада на Демохристијаните на Меркел.
