Средба Мицкоски- Палмер во Вашингтон
На средбата Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.
Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Вашингтон остварил работна средба со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт Департментот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
На средбата Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата со Палмер истакна дека Република Македонија мора да остане посветена на стратешкото сојузништво со САД и градењето на односи базирани на силна доверба и взаемна почит, се вели во партиското соопштение.
