Работнички права само на хартија
Над 70 проценти од младите не се задоволни од почитувањето на Законот за работните односи, покажало истражувањето што го спровела невладината младинска организација „Сега“. Според независните синдикати, тоа е и главна причина што младите ја напуштаат земјата...

Работнички права само на хартија- ова го покажала анкетата на невладината младинска организација „Сега“. Според испитаниците младите се плашат да пријават било какво прекршување на Законот, а 64 проценти се подготвени да потпишат бланко отказно решение. Истражувањето е спроведено во рамки на кампањата „365 работнички права за младите“. Целата е изнаоѓање системско решение за да се заштитат работниците, а работодавачите да ги едуцираат идните вработени.
Состојбата со вработените млади луѓе во Македонија е загрижувачка велат и од Конфедерацијта на слободните синдикати. Според нив тоа е една од причините поради кои младите ја напуштаат државата.
Од Државниот инспекторат за труд велат дека преставки пристигнуваат, и покрај тоа што годишно се реализираат над 30.000 редовни контроли. Очекуваат во наредниот период зголемување на бројката на трудови инспектори.
Дијана Ценевска
