Истражување

Бавна динамика на спроведување на реформите во правосудството

07.02.2018 15:36

Најголемиот дел од државните службеници и вработените во правосудството сметаат дека состојбите се лоши- покажува истражувањето на Институтот за европска политика, Хелсиншкиот комитет и на Мрежата 23 плус. Каскаме и во борбата против корупцијата. Невладините забележуваат и селективната правда...

Нема реформи без вклучување на сите сегменти на правосудниот систем. Динамиката на нивно спроведување оди многу бавно. Пример за тоа е тенденциозната опструкција, на пример, на судовите во процесуирањето на предметите на СЈО, сметаат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Работата на Специјалното јавно обвинителство добило највисока оценка, како и финаснискиот статус на судиите. Лоша е оценката за сосотојбата во правосудството и борбата против корупцијата, покажа истражувањето спроведено на државни службеници и вработени во правосудството.

Проблематична е селективната правда како и нееднаквоста на граѓаните пред законите, така што за исти дела за различни лица се донесуваат различни пресуди зависно од влијанието што го имаат тие лица врз судиите, тврдат претставниците на невладините.

80 проценти од испитаниците се изјасниле дека голема е улогата на граѓанскиот сектор во реформите, а дури 89 проценти од нив дека токму тие се важни за пристапување на земјава во ЕУ. Две третини од нив, пак, се изјасниле дека препораките на ЕУ за правосудните реформи се соодветни и применливи.

 

Фиљана Кока