Аналитичари: ЕУ балансира меѓу посакувањата на земјите- кандидатки и можностите
Европската унија балансира меѓу посакувањата на земјите- кандидатки и можностите, велат домашни аналитичари по објавувањето на Стратегијата за Западен Балкан. Оценуваат- Брисел бара спроведување на реформите и завршување на домашната задача. За земјава, ако ги исполни критериумите, можност да го фати возот со Србија и Црна Гора...

Со стратегијата како документ европјаните се обидуваат да балансираат меѓу посакувањата од регионот и она што е возможно од Европската унија- коментират аналитичарите.
За Жидас Даскаловски од Центарот за истражување и креирање политики, Стратегијата за Западниот Балкан е патоказ кој не треба да не дестимулира, туку мотивирачки да делува во спроведувањето на реформите.
Дестимулирачки е што со години сме во преговори, констатира Александра Ивановска од Институтот за европска политика. И таа вели дека реформите мора да се спороведуваат без задршка.
Откако премиерот Заев објави дека е подготвен за име со географска одредница, аналитичарите констатираат дека тој сака да покаже конструктивност во спорот за името. Било каква промена на името ќе има влијание- укажуваат и Даскаловски и Ивановска.
Сепак, аналитичарите укажуваат дека треба да се види целиот пакет на разговори, по што не ја исклучуваат и можносата во фази да се решава спорот за името.
Миле Ристески